Македонија

(Вознемирувачко видео) Полицаец удира момче со глава во глава, прво во пределот на носот, па странично

Постапување на полицијата завршило со удари глава во глава, сведочи снимка која се појави на социјалните мрежи. Неофицијално, станувало збор за нарушување на јавен ред и мир, по што постапувале полицајците.

Додека другите од околу се тепаат, полицаецот удира со глава во лицето на млад дечко, кој неофицијално имал околу 19 години. Од снимката се гледа како полицаецот го удира со глава директно во пределот на носот, а потоа, иако не се гледа дека момчето дава отпор, го удира одново во глава.

За сето време, од страна тече тепачката помеѓу другите лица.

За детали, се обративме до МВР од каде очекуваме одговори.

На почеток