Македонија

(Видео) Џафери не сакаше да се тргне од говорница, зборуваше пред исклучен микрофон оти не доби збор

Пратеникот Талат Џафери, кој претходно беше и собраниски претседател, се жали на спроведувањето на процедурите на пленарната седница, исто како што порано тоа го правеше тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата го учеше неговиот наследник, Африм Гаши, како треба да постапува, го спомена и Димитар Апасиев кого го нарече „Кастро“.

„Вие треба да знаете, а не да се базирате на админситрацијата. Дневниот ред е ваша надлежност, постапката е ваша обврска. Пет кривични постапки сум ги имал од Левица, од Кастро, мојот колега Кастро, така го викавме. Така што, не ја тргајте одговорноста.. Пример на 27 април, како сведок, нѐ прашуваат дали Деловникот го кажува ова.. Не се чудете, треба да знаете што е дневен ред.. Правите преседан во постапката во старт“, рече Џафери во процедурално обраќање.

Потоа, откако имаше остра реакција од Бобан Карапејовски од партијата ЗНАМ и реагираше што Џафери не зборувал само за конректната точка, Гаши рече дека укажал на ова. Истото го потенцираше и Халил Снопче.

По ова, Џафери сакаше да се врати на говорница и да се дообјасни. Ова не го дозволи Гаши. Сепак, Џафери излезе на говорница, и збореше без вклучен микрофон, оти собранискиот претседател – забрани.

Додека беше собраниски претседател, праксата на недавање збор, ја имаше и Џафери. Тогаш и тој не прифаќаше дека прекршува процедури, иако имаше укажувања од опозицијата. Против него, Левица поднесе куп кривични пријави за прекршување на Деловникот.

Точка на дневен ред е изменување на Законот за игри на среќа.

На почеток