Македонија

Реновирањето не е причина за смртта на 48-годишната пациентка, вели Таравари за жената која не била примена на Инфективна со корона

„Нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари за пациентката која не била примена на Инфективната клиника иако имала Ковид, по што починала. Според Таравари, мора да се реновира, а пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.

„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника, рече Таравари.

На прашањето, како може пациентката да не е хоспитализирана на Инфективна иако од Хематологија насочиле дека мора да биде во болнички кревет, тој рече дека побарал извештај од двете клиники.

На прашањето каде се третираат лицата со коронавирус, тој рече дека речиси сите здравствени институции имаат интензивен ден.

„Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест, која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормлано, го поминвуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајдете да добиеме дефинитивни податоци“, рече Таравари.

На почеток