(Видео) За сватот Гаши, дајте една свадбарска
Почесниот сват на свадба на Косово, собранискиот спикер Африм Гаши, доби посебна покана од музичарите за да го поведе орото.
Снимката ја објави ТВ Клан, а самиот настан на одење во сватови со службено возило и обезбедување предизвика лавина реакции во јавноста.
Денеска од опозициската СДСМ реагираат дека има тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите.
За владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ , самата позиција на Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.
Левица веќе за неколку случаи поднесе интерпелација за Гаши.