(Видео) Арсовска ја излажа јавноста: документот од архивата на Скопје ја покажува вистината
Скопската градоначалничка Данела Арсовска милува да се зборува со докази. А милуваме и ние. Веќе сфативме, таа треба да е секогаш во право.
Освен кога ќе ја фатиме дека лаже. Како на пример на прес-конференцијата каде тврдеше дека не формирала комисија за да го преиспита боледувањето на генералниот секретар, Зоран Глигоров.
Град Скопје е затворен за одговори на медиумите, но архивата е отворена за „Скопје1“. Ова е решението, потпишано од Арсовска, а заведено во градската архива. Затоа констатираме – Арсовска, излажа!
Времето ќе покаже како владеела Арсовска. А нејзе веќе ја прашавме:
„Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од функцијата?“, стои во пораката до Арсовска од „Скопје1“.
Вас ве охрабруваме, секое беззаконие да ни го пријавите со докаази и нам! Анонимно.