(Видео) Скопје го снема, ако гледате од Водно
Скопје не се гледа од Водно. Камерите на ЈСП покажуваат дека градот е прекриен со смог, додека истовремено, е на шесто место по загаденост во светот и прв во Европа. Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.
Секоја зима, во Македонија го има истиот проблем. Но попроблематично е што речиси и да не се гледаат ни минимални разлики, иако граѓаните нонстоп алармираат, а политичарите постојано ветуваат. До 2022 година имаше и бесплатен автобуски превоз во загадените денови, но годинава, такво нешто нема. Градоначалничката Данела Арсовска објави неколку пати дека инспекциските служби санкционираат компании, но не се презентирани статистички податоци колку тоа помогнало до сега.