Свет

Голема ескалација: Хезболах лансираше 210 ракети и 20 дронови кон Израел: „Ја извршивме првата фаза од нападот, тоа е одговор на убиството на нашиот командант“

izrael 522

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во утринава напад врз северот на Израел од страна на либанската група Хезболах биле лансирани околу 210 ракети и околу 20 беспилотни летала.

Некои од проектилите биле пресретнати, а други погодени, предизвикувајќи штета и повредени, пишува The Times of Israel.

Голем број ракети паднаа на отворени површини.

Либанската група Хезболах утринава соопшти дека извршила „прва фаза“ напад врз Израел како одговор на убиството на високиот командант на групата Фуад Шукра минатиот месец, при што беа погодени 11 израелски воени локации.

Хезболах пак соопшти дека повеќе од 320 ракети и голем број беспилотни летала биле истрелани врз цели во северен Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел утринава ги открил подготовките на Хезболах за напад на Израел и дека во консултација со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, на војската и е наредено да дејствува проактивно за да се елиминираат заканите.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека прогласил вонредна состојба во следните 48 часа, а портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека десетици израелски воени авиони напаѓаат цели во јужен Либан.

На почеток