Коментари

Што ќе ни е државен јавен обвинител кога си го имаме Лефкота кој секој ден забавља јавност во ова августовско глуво доба, вели Туфегџиќ за аферата „Бисера Антоанета“

Молкот на Обвинителството и протокот на документите за аферата „Бисера Антоанета“ на пратеникот Миле Лефков, донесе реакции од правници во јавноста. Една од нив е на адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој смета дека е популизам објавување на документи, а до кои, можно е да е пристапено и преку министерот за култура Зоран Љутков. Посочува и дека во ваков случај – одговорноста е неминовна.

„Објавување на службена документација за политички популизам е веќе видено и знаеме како сето тоа заврши и со какви последици и тоа е една од причините заради кои добивте на избори. Ако службената документација на Лефкота му ја обезбедува и дава министерот заради театрални и забавни партиски пресови тогаш премиерот треба веднаш да му се заблагодари на Љуткота и да му овозможи да продолжи по патот на даските кои живот значат, бидејќи очигледно дека не ја сфатил функцијата министер како слуга на народот кој треба да работи за државата и народот според закон и пропис, а не за партиски пресс. Значи, ако не знаеш да сошиеш кривична пријава тогаш ќе бараш тоа да го направат професионалци врз основа на докази, ја поднесуваш, правиш краток пресс како министер заради инфо за јавноста и толку, без навивање. Во минатото токму заради трговија со службена документација дадена под рака се случија многу негативни работи како трговија со влијание, корупција, уцени, поткуп, а впрочем заради тоа добивте народна подршка и дојдовте на власт. Затоа, со повторувањето на настаните и состојбите со непотребен театар од минатото сами си ја сечете гранката на која седите“, вели Туфегџиќ.

Тој објави уште еден ироничен коментар за приказната која Лефков ја пласира со денови.

„Се прашувам што ќе ни е државен Јавен обвинител кога си го имаме Лефкота кој секој ден забавља јавност во ова августовско глуво доба, од позиција на партиски гласноговорник си објавува службена документација без око да му трепне и никој не го прашува од каде му се документите и не бомбардира со нови детали за криминал од епски размери кој до сега достигна цели 3.800 евра, по моја рачуница.Јас по ова прашање имам свој јасен став и кај мене нема промени, кривична пријава до Јавен обвинител без театар и политиканство бидејќи театрално забавниот пристап знаеме како заврши. Не знам дали мојот колега довчерашен адвокат а сегашен министер за внатрешни работи, го одобрува токму ова однесување за кое тој во име на своите клиенти се спротивставуваше во минатото заради јавна медиумска осуда со театрални пресови без покрената постапка согласно законот“, додава Туфегџиќ.

На почеток