Каменувана куќата на македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски: три лица во болница
Вчеравечерта била нападната куќата на најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски, дознава “Скопје1”. Ова според првичните пријави во МВР се случило откако Илиоски имал физичка пресметка со лицата коо потоа натепале член на неговото семејство.
Се започнало околу 22.20 часот, а во полиција било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Илиоски и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје.
“Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“”, велат од МВР за “Скопје1”.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.