Свет

(Видео) Вучиќ се пофали дека нема да престојува во хотел, туку во барака

Српскиот претседател Александар Вучиќ приреди нов дел од политичкиот циркус на Инстаграм. Имено, тој објави видео на кое го покажува сместувањето каде ќе престојува во наредните денови. Вучиќ од среда до 9 септември престојува во Подриње, а во видеото се пофали дека нема да престојува во хотел, туку во барака.

Потоа покажува како изгледаат собите, тоалетите и просторијата во која тврдат дека спијат.

„Следните шест до седум дена ќе ги поминам овде. Овде има тоалет, многу убаво е уреден. Многу убава туш кабина. Мала, но чиста бања. Има се, супер“, вели Вучиќ во видеото во кое се фали и со својата мала канцеларија, кревет и телевизор. Се пофалил и со малиот фрижидер што му го донеле од канцеларијата во Белград.

„Овој мал фрижидер го донесоа од мојата канцеларија во Белград“, вели Вучиќ.

Кревет, телевизор, кошули подготвени. Ќе биде интересно во следните денови, очекувам дека ќе направиме многу за луѓето“, рече меѓу другото српскиот претседател.

Погледнете го видеото.

На почеток