Свет

Ужас во Хрватска: Приведена е жена осомничена дека ја убила својата неподвижна сестра

Истарската полиција во средата наутро приведе 66-годишна жена осомничена за убиство на постара неподвижна жена во Медулин на крајот на минатиот месец.

Се сомнева дека таа убила 68-годишна жена и полесно се повредила попладнето на 24 август во куќа во Медулин. Подоцна неофицијално се дознало дека се работи за две сестри.

Осомничената била хоспитализирана со полесни повреди во болницата во Пула, а полицијата најавила дека ќе разговара со неа кога ќе закрепне, пишува Нет.хр.

Во меѓувреме заврши кривичната истрага против 66-годишната жена, која заработи кривична пријава, која е поднесена до надлежното државно обвинителство.

На почеток