Свет

Во последниот час од Либан кон Галилеја истрелани околу 65 ракети

Израелската војска соопшти дека во изминатиот час биле истрелани околу 65 ракети од правец на Либан кон Галилеја, а милитантната група Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека мета биле позициите на израелската војска.

Во соопштението на ИД се додава дека некои ракети биле пресретнати, додека други погодиле отворени области.

Неколку ракети го погодија северниот израелски град Кирјат Шмона, при што е оштетена најмалку една куќа, соопштија локалните власти.

Противпожарните единици гаснат пожари во згради и на отворен простор во Кирјат Шмона, пишува The Times of Israel.

Полицијата соопшти дека нема повредени.

На почеток