Македонија

Влада: Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов оствари средба со Еди Гриф регионален советник од ЕУ за борба против тероризам/безбедност

,,Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов денеска оствари средба со Еди Гриф регионален советник од Европската Унија за борба против тероризам/безбедност со седиште во ЕУ делегацијата во Сараево. На средбата присуствуваа и Христо Тончев, политички советник во Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија како и претставници од други институции кои партиципираат во Националниот комитет за СНЕ/БПТ.

На средбата се разговараше за активностите поврзани со спречување на насилниот екстремизам, ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција на повратници учесници во странски војски, паравоени формации како и за поставеноста и ефикасноста на системот за борба против тероризмот.

Во овие активности се вклучени 22 институции со поддршка на САД, ОБСЕ, Совет на Европа како и повеќе други држави и меѓународни фондации, голем број на невладини организации, верски заедници и други чинители.

Заедничка оцена е дека Република Северна Македонија во целост ги имплементира донесените Национални стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, акциските планови и другите приоритети согласно надлежностите.

Република Северна Македонија го имплементира и заедничкиот акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан.”, велат од Владата.

На почеток