Македонија

Апелација го враќа предметот за Алијанса на повторно судење

Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот на политичката партија Алијанса за Албанците и ги прифати жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од партијата.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово.

Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство.

На почеток