Бурни реакции донесе Сиљановска од Бугарија: „Навистина не знам дали е само глупа или сите околу неа се неписмени“
„За амбасадор се става секогаш знаме а камо ли за претседател“. Ова е само еден дел од реакциите за пречекот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во кабинетот на бугарскиот претседател, Румен Радев. Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека ова е пораз за Македонија.
„Навистина не знам дали е само глупа или сите околу неа се неписмени или едноставно не е соодветна за позицијата која ја има“, додава Најчевска.
Слична реакција имаше и професорката Билјана Ванковска.
„Погледнете го соопштението (и фотографиите) на ФБ профилот на претседателката Силјановска и споредете со тонот и фотографиите на бугарскиот претседател. Како да зборуваат за две различни средби и “пријателства”. Радев всушност кажува дека македонската страна сама се поканила т.е. дека тој НЕ ОДБИЛ барање за средба од ниту еден странски шеф на држава. Ајде сега да уживаме во Набуко, хорот на поробените Македонци, пардон – Евреи“, напиша таа.