Коментари

„Лихварска Република Македонијa, oва е место каде само паразити и лихвари постојат“, жестоко се реагира оти долговите не застаруваат

Жестоко реагира јавноста на одлуката од Уставен суд, кој одлучи измените на Законот за облигациони односи каде побарувањата застаруваат за десет години, да ги прогласи за неуставни.

„Македонија слободно може да се нарече, ‘Лихварска република Македонија’. ‘Рекетарска република Македонија’! Нема застарување на побарувања, до крај на живот и после смрт од родител на дете. Тоа е лага. Ова е место каде само паразити и лихвари постојат, тоа е Македонија!“, рече Ана Глигорова, која се залагаше за укинување на извршителите.

Во друга објава, иронично се вели: „Кога ке ви дојдат Извршители на врата за 35 денари заостанат долг од 2006 ,вие пак да си пеете Заветна горди Македонци“.

Уставниот суд вчера донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години.

Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, овозможувајќи му на законот ретроактивно дејство.

Како што посочи на денешниот брифинг за медиуми, судијката Ана Павловска Данева, известител за предметот, одлуката се заснова на причините што Собранието не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим, (vacatio legis), која се однесува на објавување на измените во Службен весник.

Согласно Уставот, како што појасни Данева, исклучок од споменатото правило за објава во Службен Весник е дозволен, но Собранието не дало одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност.

На почеток