Коментари

Зарем сериозно мислите дека Албанија ќе дојде до позиција некому да му става вето, мислите дека ЕУ не учи?, прашува професорката Астеруд

Каролина Ристова – Астеруд, професорка на правниот факултет Јустинијан Први, даде свој коментар за започнатите преговори на Албанија, а замрзнатиот пристап на Македонија во ЕУ.

Нејзиниот став во целост:

СТАТУСИ ПО ФБ: “Албанија дојде пред нас. Утре ќе нѝ поставува услови како Грција и Бугарија. Фала!”; “Албанија нема веќе да биде само географски Запад за нас”.

МОЈ КОМЕНТАР:
Навистина? По таа логика, Србија е пред Албанија, а Црна Гора уште повеќе. Зарем сериозно мислите дека Албанија ќе дојде до позиција некому да му става вето? Мислите дека ЕУ не учи од претходните искуства?

Ако ги тргнеме настрана внатрешните сериозни и легитимни проблеми кои ќе го кочат секое проширување ( очигледно не се следи тоа одвнатре ЕУ, а и што му се случува на голем дел од еврограѓанството, а и се заборава кои се’ се играчи и конечни носители на одлуката за прием на нова држава -членка, сосе и со задолжителен референдум во игра), ако се тера проширувањето како процес, многу пологично е Албанија да биде во друштво со Србија, отколку со МК, ако веќе не може сите заедно, иако во крајна линија и идеално, и МК треба со нив. Единствено само ЦГ може да се шмугне прва и сама, ништо чудно, за да се обнови мотивацијата и посветеноста кај останатите, да не’фокусираат на нашиот евроидентитет, а и да се зајакнат белите крвни зрнца кај нас Балканците во однос на разно-разни штетни воневропски и вонзападни влијанија, најдиректно и најпрво на штета на нас самите. Тука да потсетам и ова: за конечната одлука за прием на нова држава -членка, не одлучуваат само критериумите, туку и други фактори, некои и од доменот на политичката метафизика, еве така да се изразиме. Тоа е така, меѓу другото, затоа што влегувањето во ЕУ не е како да влегуваш во класична меѓународна организација, туку многу повеќе како некому да му влегуваш во неговата нај-нај домашна политичка заедница( попозната како “држава”, ма сосе најлокалната му самоуправа), а по низа аспекти, малтене како буквално дома-дома да му влегуваш, со право да му ги “редиш штипките” по дома, нема врска што таа дома не си ја правел ти.

Ние секако сме несреќни и онепревдани со ветата на два соседи (иако, не по линија на реално неисполнување на критериумите за ЕУ-членство, дефинитивно не помалку од Албанија, но нешто што го подзабораваме или си го мислиме за нешто од што сме ослободени заради жртвите што им ги приложивме), кои пак не се најумни да видат дека со тоа се поткопуваат и себеси од аспект на тоа кој и што им се инсталира во МК, како смртно сериозен проблем и за нив како за во директен комшилук и на своја физичка државна граница, а и за цела Европа и за цел Запад, односно кој се’ го користи за себе тој и таков вакум и ерозија на етномакедонскиот мнозински агенс како сосед.

Но, баш ме интересира, ако треба да одлучите, кои проблеми да ги имате, што ќе изберете, дали тие на МК или на Албанија , сосе приколката на албанскиот фактор во Косово и во МК што они си ја имаат? А размислете го и “од втора” , т.е и од позиција на Европјаните кои се веќе во ЕУ, замислете се, еве, домородни етнички Австријци, Французи, Германци, Швеѓани, итн., родители и старатели на такви деца, внуци, правнуци, кои, згора на се’, еве, многу ја обожаваат Тејлор Свифт, и многу сакаат да одат на нејзини концерти во Виена? ( ако ова последново не ви е јасно од прва зошто тука и така спомнато, има подолу разјаснување ).
На пример, дали сакате МК да има “фишеа” од типот на озлогласена и брутална (македонска) етничка мафија, како што им е на товар на Албанците албанската мафија, единствена таква домородно европска од тој тип и калибар, која најдеструктивно коси луѓе и ресурси по Европа со најтешки форми на транснационален криминалитет со најтешки дроги, шверц на илегална воневро имиграција, своја сопствена масовна не/легална имиграција, згора со придружен проблем на неинтеграција и нелојалност (двата феномени во каузалитет со неевропски форми на екстремен етнички и верско/теократски трибализам по основ на ислам /муслиманство), трговија со жени и девојчиња за сексуално ропство и присилна проституција, секако индикативно селективна по основ на нивен немуслимански идентитет (да си знаете, ич не е случајно)?

Имате јака желба да сте на нивно место, па во свој двор да имате растечки канцер на исламофаши теократија во сопственото ткиво,како антитеза и метастазирачка закана за севкупниот евро поредок, не само јавен ред и мир и јавна/државна безбедност, сосе и исламофаши тероризам? Ај, на пример, ѕирнете го најновото, не мора многу како ние што постудиозно мора да следиме, откажаните концерти на Тејлор Свифт во Виена заради исламофаши терористичка закана, која, доколку беше успешна, ќе беше со најмногу жртви досега – тоа во чие “фише” оди? Сакате во вашето, можеби? Тоа што тие од чиј двор доаѓа сето ова најбесрамно и по своја културна социопатологија си го ќутат и кријат, дефокусираат, релативизираат, а и други заќутуваат да зборат (они за оние во и по ИСИС тоа, не па за ова), што мува не ги лази, што нема mea culpa и не се самокамшикуваат и кога не треба, камоли кога ептен треба, онака типично по европски (впрочем, културата не им е обликувана под влијание на христијанството, па и во лаицизирана и секуларизирана форма), не значи дека не е брутално реален и смртно сериозен проблем, фатен веќе на радарот и точно локализиран, па и идентитетски.
Сето тоа и МК ја втурнува во тој и таков жив песок, но, секако не по основ на македонскиот мнозински етнички агенс, туку баш од албанскиот ( а и бошњачки, а и тоа на Ромите што им прават, во какво друштво ги вовлекуваат). Впрочем, кој тоа и чиј агенс прави МК катадневно се’ помалку да личи на Европа, туку небаре на старо-нов пашалак на Ердоганова Турција, ма чиниш забревтан да стане прв исламски калифат на тлото на Европа, ма небаре повторно сме колонизирани и покорени од калифатџиите, дури и повеќе од она што било во минатото заради развојот на техниката и технологијата која овозможува поголем досег, опсег и ефект ( на пример, тоа што џамии присилуваат немуслимани да слушаат зборовно исламски верски проповеди петпати 24/7/365 не е дозволено никаде по Европа, ниту е евро начин и режим на религиозен израз, ниту тукашните би имале таква “потреба” ако не беа сериозно оттуѓени од својот евроидентитет), а и се’ повеќе тероризирани како инфидели и инфиделски општество и држава кои треба да се исламотеократизираат по императивите на политичкиот ислам, а во овој втор историски обид , уште пострашно, со се’ поголемо инфилтрирање и на блискоисточни арапски верзии, никогаш претходно стапнати во овој дел на Европа? Најциничниот развој и колатерала е што и Рамковниот се инструментализира за таа цел, за полесна инфилтрација и инсајдерско делување во тој правец, колку и сите овдешни да се прават трите мајмуни.

Признале или не, многу од работите што ги тера албанскиот фактор во регионот, а особено баш во МК, немаат врска со било што од типичниот евроиндентитет, култура, традиции, обичаи , разбирања за право (инфилтрирање толкувања по шеријат) и политика ( она партиските им изборни коалиции на ДУИ, забележавте што им беше заеднички именител, неќе да беше етникум по вообичаено како тераат, ами тоа кампањи по џамии, полова/родова сегрегација по кампањи без пардон и на увид на сите, инфилтрирање на женска хиџабизација за рушење на секуларизмот во верски неутрални државни/јавни простори, а и како прашање на култура, а веќе и никабите и бурките како следна фаза навлегуваат, секако прво за муслиманките, а доживеавме и претседател на Собрание да ни е некој кој тера исламотеократизација со надворешно-манифестни исламски обреди во срцевината на нашиот граѓански и државен суверенитет), етика, начин на живот, односи мажи-жени, родители-деца, што се јаде и пие ( со злоупотреба на правото, веќе во сред Скопје на евро каурите им се негираат во самопослуги свинско и алкохол, ете и тоа има веќе, а во низа места на свој малопродажен монопол, и најефективно се негира пристап по пат на абнормално комплицирање да се набави), дали и кој (смее да) да се шета и журка, каков е односот кон сексуалноста, бракот и семејството, моногамија, полигамија, однос кон друга и туѓа религиозност (сосе и доминантната и формативната за и во Европа -христијанството), секуларизам, лаицизам, атеизам, апостатство, агностицизам, каде и како се сака надворешно да се манифестира религиозност и во функција на што, дали се негува и слуша (евро/западна) музика, итн., итн., итн. – уште од Отоманско тоа се доживува европско- инфиделско, се самооттуѓиле од тоа. Со кого огромен број од нив повеќе се препознаваат и идентификуваат, ма и како муабет-размена за просечно животно искуство и стил на живеачка, со остатокот на Европјаните или со некои други? А кој следи воневропска муслиманска имиграција по Европа, многу феномени во односот кон домородните Европјани, кон државата, итн., ќе им заличат на некои од овдешните (а има и бетер, верувале или не), иако немаат никаков друг заеднички именител, освен (политичкиот) ислам како формативен фактор на културата и политиката.

Е сите овие прашања се’ повеќе (ќе) одат на товар кај Албанија, и таа ќе треба да се справува со истите како држава-матица на Албанците, да и даде одговор на Европа/ ЕУ, дали овојпат во историјата ќе пресечат во прилог на својот евроидентитет, или како во Отоманско, ќе чиракуваат како петта колона против Европа. Дали можат да живеат со “каури”, и како мнозинство, и како малцинство, а да не гледаат да ги деконстуираат (благ израз) по императивите на исламотеократијата, па и во мутирана лаичка форма, ударно на албанскиот национал-шовинизам, но карактеристично форматиран токму од доктрини на (политичкиот) ислам? Еве, највоочливо од култура на ставање етнички и партиски албански знамиња и друга таква симболика таму каде треба да е граѓански-неутрален (државен, јавен) простор, како дериват и пермутирана форма на исламскиот теократски тоталитаризам кој не признава таков тип на неутралност, тоа е строго европско acqui communitaire, но тотално туѓо и оттуѓено како концепт за нив.

А секако и дали слично како Турција/Грција во однос на Кипар за спорните прашања во врска со Косово? Ако се стават во пакет со Србија, помалку се шансите за таква динамика, поголеми шанси за разрешница, подобро и полесно и за /во самото Косово, но и за негово последователно евроинтеграње.

Ако го сведеме сето ова на едно прашање , тоа е: Дали Албанија и Албанците ќе станат “втора Турција”, оваа Ердогановата ( дали воопшто следиме?!), секако во контекст на ЕУ-проширувањето, по сето горенаведено како сериозен проблем и предизвик?
Севкупно, ако и навистина Албанија наскоро почне со преговори, во овој и ваков контекст, тоа е добро и за регионот, и за цела Европа. Во интерес на сите е евроинтеграцијата на Албанија да се стави “на стереоиди”, а таа потоа како центрифуга да ги завлече Албанците во МК и Косово на пат на нивна реевропеизација, обновување на нивниот евроидентитет, и оттргнување од канџите на гореспоменатите смртно сериозни проблеми, најакутно тој на политичкиот ислам/исламофашизмот кој е егзистенцијално заканувачки за Европа и Западот, и не само од геополитички аспект. А и јамка околу врат на самите Албанци, која, досега, парадоксално, само се мимикрира/ше и амортизира/ше токму заради измешаноста со инаку омразените им словенски каури, нешто слично што засега се оценува како доволно за истиот канцер што метастазира меѓу Бошњаците во БиХ, но, нели, угоре Хрватска, удолу Србија и ЦГ, дали баш паметно за таму, друг муабет. Сето ова што поскоро треба да го сконтаат и нашиве два соседи на југ и на исток, оти Македонија може да стане најакутна во тој дел, многу повеќе и од Косово што е. Па нека му ја мислат и они пофокусирано што сето тоа ќе значи за нив, ако продолжат и натаму да газат по МК и Македонците, што може да си добијат на своите граници и од европската страна, небаре малку им е тоа што веќе го имаат од другата страна, а не дека немаат и историска ука и референци, само треба да ги препознаат современите манифестни облици и начини на делување на старо-новите закани за нив и за цела Европа.

На почеток