Скопје

Жена настрада на скопската обиколница: се испревртела со автомобил, однесена е во болница

Тешка несреќа се случила утринава на скопската обиколница. Автомобил се излизгал и неколку пати се превртел.

Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во болницата „св. Наум Охридски“ позната како градска болница. Карактерот на повреди засега не е познат.

На терен излезе и полицијата која прави увид. Несреќата е во близина на клучката за селото Орман.

На почеток