Македонија

(Видео) Драма во гостиварско Галате, граѓани чистеле црква, дошла полиција: “Сакаат да нѐ приведат, сме узурпирале место“

По обилните дождови, граѓани ја чистеле црквата во атар на село Галате (Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар), а полицајци дошле да ги приведат, објавија тие преку снимка на социјалните мрежи. Според нив, полицијата им кажала дека постапуваат по насоки од обвинител, а причината била узурпација на земјиштето каде е црквата.

„Сакале да нѐ приведат, сме узурпирале место. Или ќе нѐ приведат сите, или ниту еден. Ја чистиме црквата, ја средуваме, добиле насоки од обвинител да нѐ приведат сите, ако останеме, да го одземат багерот“, вели мештанин на снимката.

Од видео-материјалот се гледаат десетина полицајци, од кои еден се расправа со мештаните. Полицијата дошла со три возила, од кои, едно возило е „марица“, која се користи и за приведување.

На почеток