Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања, да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.

Петровска порача дека ВМРО ДПМНЕ треба да се разбуди од сонот дека е се уште опозиција, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, а не за се и сешто да ја обвинува СДСМ.

-СДСМ е виновен за знамето што го немало во Софија? Зарем СДСМ е виновен и затоа што Мицкоски отиде неспремен во Брисел? Секако не, потенцираше Петровска.

Петровска посочи дека благодарение на Владата на СДСМ, Северна Македонија сега е земја членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ.
-Тоа што СДСМ 7 години правела во делот на меѓународна политика е јасно. Седум години СДСМ ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика. Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска.

На почеток