(Видео) Драматични промени кај казината: Затворање на онлајн коцкања, ново даночење и кочница во рекламирањето
Премиерот Христијан Мицкоски, во „Претрес со Ландов“ посочи дека ќе има големи промени во делот на казината. Тој посочи дека промените ќе бидат драматични.
„Онлајн кладењето и онлјан казината, веќе имаме автентично толкување кое помина во Парламентот и потребно е час поскоро, тоа да биде затворено. Имам информации дека и покрај одлуката на Парламентот, тие и натаму функционираат. Ги предупредувам дека прават кривично дело, и управителите на тие компании и самите компании“, рече Мицкоски во подкастот „Претрес со Ландов“.
Голема промена ќе има во делот на даночната политика, но и во рекламирањето на онлјан казината.
Неофицијално, првите одлуки ќе бидат донесени во вторник, на владина седница.