Свет

Израелските сили извршија десетици воздушни напади врз јужен Либан

Израелската армија ги засили нападите на југот на Газа

Израелските одбранбени сили (ИД) објавија дека рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.

ИД врши „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.

Последниот бран воздушни напади следеше по напнатиот ден во кој Хезболах истрела повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.

Израел одговори со изведување на стотици воздушни напади врз цели на Хезболах.

На почеток