Свет

Трамп: Зеленски посакува победа на демократите на претседателските избори во САД

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД оваа година.

„Мислам дека Зеленски е најголемиот продавач во историјата. Секогаш кога доаѓа кај нас си заминува со 60 милијарди долари. Тој сака демократите да победат на овие избори, и тоа многу“, рече Трамп на митинг во Пенсилванија, пренесе Ројтерс.

Трамп додаде дека ако победи на изборите против кандидатката на Демократската партија Камала Харис, ќе ги покани рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски да постигнат договор за ставање крај на војната.

Трамп постојано ја опишуваше американската помош за Украина како губење пари и одбиваше да каже дека сака Украина да победи, според Ројтерс, додавајќи дека Зеленски претходно рекол дека не може да предвиди што ќе направи Трамп доколку победи на претседателските избори во ноември, но изрази надеж дека Трамп ќе ја поддржи натамошната воена поддршка на САД за Украина.

На почеток