Свет

Предлагањето на Камчев за почесен конзул на Бугарија и ветото за Македонија пречки за кандидатурата на Захариева за еврокомесар

Кандидатката за бугарска еврокомесарка, Екатерина Захариева одби да одговори на прашањата на бугарскиот сајт Еурактив, кои се очекува да бидат ставени на расправа пред Европскиот парламент, и може да ја саботираат нејзината кандидатура за Европската комисија.

Според бугарскиот сајт Еурактив, многу меѓународни публикации фрлаат сенка врз шансите на Захариева да ја добие поддршката од европратениците поради одлуките на бугарската држава додека таа беше министер за правда, а потоа и министер за надворешни работи.

Додека Захариева беше министер за правда, Бугарија имаше сериозен проблем со корупцијата при доделувањето на бугарски државјанства. Еуроактив наведува дека во 2020 година, владата на Бојко Борисов ја блокираше европската интеграција на Македонија поради партиските интереси на неговиот партнер од ВМРО, додека Захариева беше министер за надворешни работи.

Поголем проблем за Захариева е што таа во 2019 година лично го предложи бизнисменот со бугарски пасош Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

На почеток