Коментари

Ковачки до Захариева: Ако Бугарите се дел од реалноста во Македонија, тогаш што се Македонците во Бугарија и дали истите се реалност

„Измена на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати“, потенцираше поранешната шефица на бугарската дипломатија Захариева, по што на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки.

„Ако Бугарите се дел од реалноста во Македонија, тогаш би било логично некој од власта да ја праша госпоѓата Захариева да одговори што се Македонците во Бугарија и дали истите се реалност која е потврдена со 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур?“, вели Ковачки.

На почеток