Скопје

Автомобил удрил во 40-годишен велосипедист од Скопје

На 23.09.2024 околу 11.00 часот о СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(38) и велосипед управуван од И.Д.(40), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток