Пак се тресеше во Скопје
Од
Објавено на
Во повеќе делови на Скопје и околината и вечерва околу 21 часот и 45 минути беше почувствуван земјотрес, кој според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), бил со јачина од 2,8 степени.
Според последните податоци, епицентарот е на 24 километри источно од Скопје, а земјотресот бил на длабочина од 5,6 километри.
Претходно, ноќта во понеделникот, околу 2 часот, беше регистриран посилен потрес од 3,4 степени, чијшто епицентар беше приближно како и вечерашниот.