Македонија

Втор земјотрес, но потресот ноќеска во Скопје

Откако вчера жителите на Скопје ги тресеше земјотрес кој бил почуствуван и во соседните држави, денес е почувствуван нов земјотрес но со послаб интезитет.

Епицентарот бил во западниот дел на земјата, околу Лазарополе. Јачината била 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри.

Претходно, рано утрово околу два часот по полноќ беше регистриран потрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Потресот се почувствува на територијата на Скопје, а епицентарот беше лоциран на 23 километри источно од главниот град на длабочина од 7 километри.

На почеток