Скопје

Пак наплати со „пари на рака“ во ноќните линии на ЈСП

Поминаа пет дена, ЈСП молчи заедно со директорот Драги Кушовски, а праксата во автобус да се наплаќаат билети по 50 денари – продолжи. И вчера, патници за „Скопје1“ сведочат дека им биле приморани билети да платат кај возачот. За разлика од претходното сведоштво, сега парите се плаќаат кај шоферот на автобусот.

„Кажуваат оди кај возачот да извадиш билет, се плаќа по 50 денари, а не знам дали им даваше билет. Не видов никој да плаќа преку апаратчето“, вели читател за „Скопје1“.

Неспорно е дека во ноќните линии не важат слободните карти, но плаќањето во автобусите е регулирано да биде електронски, а билетите беа исфрлени од употреба. Во случајов, повторно има наплати директно во автобус.

„Скопје1“ уште пред една недела упати прашања на оваа тема до директорот на ЈСП, Кушовски, но тој, исто како и на другите медиуми – не испрати одговори. Меѓудругото, во текот на оваа недела имаше и повеќе расипани автобуси низ градот. Побаравме одговор дали ќе сноси одговорност при сериозна несреќа, со оглед дека се дозволува вакви автобуси да возат низ градските улици. Од него – молк.

За потсетување:

(Видео) Нов скандал го тресе ЈСП: Патници сведочат на изнуда на пари за да се возат со ноќна линија, снимени и наплаќачите

На почеток