Свет

Потона брод со мигранти во Тунис: Најмалку 12 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати

Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои три бебиња, а 10 лица се водат како исчезнати откако утринава потона брод со мигранти во близина на брегот на Тунис, недалеку од градот Џерба.

Мигрантите се обидувале да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, соопшти крајбрежната стража, а пренесе Ројтерс.

„Крајбрежната стража успеа да спаси 29 луѓе кои патуваа на преполниот брод“, изјави неименуваниот службеник.

Локална група за човекови права соопшти дека сите мигранти биле од Тунис, освен двајца Мароканци.

Тунис се соочува со невидена мигрантска криза и стана, наместо Либија, главна појдовна точка за сите оние кои сакаат да стигнат до Европа во потрага по подобар живот.

На почеток