Свет

Нов бран на мигранти: Само синоќа во Италија пристигнале над 300 лица

Чамец со мигранти се превртe во Тунис, 11 лица загинаа

На италијанскиот остров Лампедуза синоќа со седум преполни чамци пристигнале 333 мигранти, а вчера во текот на денот со 16 чамци пристигнале 670 мигранти.

Во чамците кои пристигнале синоќа имало државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан кои тргнале од Либија, како и мигранти од Гамбија, Нигерија, Сенегал, Малезија и Брегот на Слоновата Коска, кои тргнале од Тунис, пренесува Анса. Меѓу нив има жени и деца.

Поради новиот мигрантски бран, на најјужниот италијански остров во моментов има 1.263 лица.

Мигрантите кои пристигнуваат во Лампедуза се префрлени во други делови на Италија.

На почеток