Македонија

Тешко повреден малолетник од гостиварско, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал

Вчера вечер во 21.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во село Врапчиште, гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа при ОВР Гостивар.

На почеток