Скопје

Исчезна малолетник од Скопје, друг се вратил

На 01.10.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.10.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје, кој на 30.09.2024 беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил.

На почеток