Македонија

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ за претепувањето на Села, грабнувањето на внукот на Љубе Бошковски, починатото момче од струен удар на забава

Пред да се предаде на правосудните органи, Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски – седна пред нашата камера. Ексклузивно ви ја носиме втората страна за исчезнувањето на внукот на Љубе Бошковски.

▫️Во студио, ќе го претресеме Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на „27 април“. Имало ли претходен план? Дали осудените ќе ги одлежат казните или ќе добијат ново судење? Ова се првите прашања.

Се враќаме нецели три месеци назад. На кобниот 13 јули. Тогаш, двајца родители изгубија син, сестра изгуби брат, семејството чедо. До ден денеска се сеќавам дека веста јас ја дочекав во Охрид, кога ми кажаа 19-годишен диџеј загинал од струен удар. Веста ја дознавме преку билтенот на МВР.

Оттогаш, до денеска, уште нема одговор: КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ШТО ПОЧИНА 19-ГОДИШНИОТ ЉУПЧО ЛЕШКО. По одговори трагаат и родителите.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

На почеток