(Видео) Осудениот за обид за убиство на Села, Димитриевски во Претрес: Фрлав со предмети, но не сум убиец, верувам во Мицкоски
Не сум убиец и не го удрив Села, рече во „Претрес со Ландов“, Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.
„Не го направив ова за што сум осуден. Во Собрание влегов поради револтот за изборот на Талат Џафери. Не требаше народот тоа да го решава туку внатре пратениците ова да си го решат“, рече Димитриевски.
Во Собранието влегол со капуљача со превоз, но носел вообичаено капуљача.
„Мислев дека нешто добро за народот ќе направиме. Верувам во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе се изнајде решение, јас не барам милостина туку правда“, вели за Претрес.
Тој објаснува дека самоиницијативно отишол во Собрание и никој не ги повика.
„Во пресудата стои дека тие што мавале се НН лица, јас не го мавав, туку како што стои во пресудата сум барал начин како да го удрам“, вели Димитриевски.
Призна дека мавал со предмети, но дека не е убиец.
„Немав желба да го удрам Села“, рече Димитриевски.
Тој е на отслужување на казната затвор, а во моментов е на лекување.