(Видео) Димитриевски во Претрес: Виновни се тие што ги отворија вратите на 27 април, бараме повторно судење
Во „Претрес со Ландов“, гостуваше Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.
Тој тврди во критичните моменти не бил пијан. Призна дека користел недозволени супстанци, но со ресоцијализацијата е чист.
„Вистината ќе излезе на виделина. Бараме повторно судење. Го сакам ова парче земја. Ова не беше терористичко загрозување, немаше оружје, само револтиран народ“, рече Димитриевски.
Тој кажа дека од 5 години е член на ВМРО-ДПМНЕ. Комитите, рече тогаш не беа активни.
Нинџа го запознал во затвор, но не сакаше да коментира.
„Највеќе се виновни тие што ги отворија вратите. Пратениците требаше да ги решат проблемите внатре“, рече тој за Претрес.