Македонија

„Филипче кога беше министер за здравство префрли 7 милиони евра од здравството на фирма со која работи негова роднина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото, односно што затекнавме од владата на СДС и ДУИ. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче кога беше министер за здравство освен катастрофи, не направи ништо. Тоа посебно се виде во корона епидемијата кога него го интересираа само тендерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и континуирано во својот мандат се интересираше само за тендери. За неговото министерување освен сомнителни тендери, корупција и криминал немаше ништо.

Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори.

Филипче само за една година од здравството на Синерџи префрлил два милиони евра. Реалноста која ни ја остави владата на СДС може кратко да се опише – корупција, криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток