(Видео) Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС, вели Лефков
„Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба.
Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:
„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.
Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.
Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.
Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место“, соопшти Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.