Македонија

Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче е во државна администрација, вклучително и самиот Венко, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, која под водство на Зоран Заев се претвори во клановска дружина, сега има дрскост да зборува за стандарди. Партијата која ја зароби државата со корупција и непотизам, сега се обидува да ни држи лекции за морал и етика. Наместо да се соочат со сопствените неуспеси и да понудат решенија, тие продолжуваат со празни зборови и обвинувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче работи во државна администрација, вклучително и самиот Венко. Дали тоа не е партизација која СДС ја направи?

СДС ја измисли партизацијата, преку роднините на Љупчо Николовски, Благој Бочварски и други кои ја наполнија државната администрација.

7 години клуч за вработување во државна администрација беше партиската книшка на СДС и роднинските врски со некој функционер. Сега тоа се смени, и СДС не може да вработува по партиски клуч, администрацијата е достапна за сите граѓани.

СДС се лицемерни, затоа што ја користеа власта за целосно запоседнување на институциите, а сега инсинуираат.

Граѓаните веќе ја препознаа нивната неспособност и ги казнија на изборите.

Време е СДС да престане со манипулации и да се повлече од политичката сцена, оставајќи простор за оние кои навистина се грижат за доброто на државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

На почеток