Свет

Хезболах: Убивме 17 израелски војници

Израел соопшти дека преку неговите операции во Либан се обидуваат да им дозволат на десетици илјади израелски граѓани да се вратат дома, откако бомбардирањата на Хезболах за време на војната во Газа ги принудија да се евакуираат од северот.

Повеќе од 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади, а речиси 2.000 луѓе се убиени од почетокот на израелските напади врз Либан минатата година, повеќето од нив во изминатите две недели, соопштија либанските власти.

Рано утринава либанското Министерство за здравство соопшти дека во текот на претходниот ден загинале 37 лица, а 151 се ранети.

Хезболах вели дека одбил неколку копнени операции на израелските трупи, користејќи мерки како што се заседи и директни конфронтации.

Групата соопшти дека убила 17 израелски војници во борбите во јужен Либан во четвртокот, повикувајќи се на нејзини теренски и безбедносни извори. Израелските сили не го коментираа тврдењето.

На почеток