Свет

Најмалку 10 загинати во поплавите во БиХ

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Кликс.ба, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица.

Оваа информација се уште не е официјално потврдена од босанската полиција.

Како што дознава Кликс, покрај војниците на вооружените сили на БиХ, во операцијата за пребарување и спасување се вклучиле и британските специјалци кои биле на обука во БиХ. Денеска ќе се одржи итна седница на Советот на министри на БиХ.

Јабланица се уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ.

На почеток