Скопје

(Видео) Хаос во автобус на ЈСП: возачот тргна да вози со отворени врати, патници висеа

Патниците на мака оти нема доволно автобуси по улиците, а и оние кои ги има се преполни. Возачите на мака бидејќи во возилата им се случува хаос. Возач на 22-ка проба и да вози со отворени врати, бидејќи куп патници влегоа во возилото, а вратите не можеа да се затворат. Но, голем дел останаа и на станицата да го чекаат следниот автобус. Поплаките дека автобусите доцнат се множат.

За три автобуси досега „Скопје1“ доби поплаки од граѓани дека истовариле патници бидејќи се расипале и им кажале да чекаат друго возило. Молкот на Драги Кушевски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска продолжува.

„Скопје1“ упати прашања за хаосот со превозот. Оттаму, со оглед на праксата не очекуваме одговори. Воедно, го потсетивме дека повеќе од месец чекаме одговор дали ќе понесе одговорност за нефункционалноста на претпријатието, тоа што автобуси се самозапалуваат по улици, а патниците се загрозени.

На почеток