Скопје

(Фото) Автомобил пропадна во Скопје, дојде и прашање до Данела: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва? Срам од невидени размери

„До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва?!“, прашува Дарко Костовски, градоначалник на Бутел кој објави фотографија на која се гледа како автомобил пропаднал со гумата во дупка и додава:

„Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица “Радишанска” улица која што е надлежност на градот! Ни трага ни глас, како и за се останато.

Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој ивестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат. Срамота од невидени размери!“

На почеток