Свет

Сирени во Тел Авив, Хамас истрелаа проектили од Газа

Проектилите истрелани од Газа активираа сирени во центарот на Тел Авив.

Одговорноста за ракетниот напад ја презеде военото крило на Хамас. Милитантите рекоа дека нападот бил одговор на „масакри на цивили и намерно раселување на луѓе“.

Израелските власти информираат дека две лица се полесно повредени во напад на Хамас во централен Израел. Станува збор за две жени кои биле погодени од шрапнел и биле пренесени во болница. Израелската армија тврди дека од јужниот дел на Газа биле истрелани вкупно пет ракети.

На почеток