Свет

Телата на загинатите во Јабланица нема да бидат погребани додека не заврши потрагата

Спасувачките тимови денеска ја продолжија потрагата по жртвите од поројните поплави во местото Долна Јабланица, на северот на Херцеговина, и потрагата по телата на уште најмалку пет лица кои беа пријавени за исчезнати.

На тоа место досега се пронајдени тела на 15 загинати лица, кое беше најтешко погодено од поплавите што ноќта меѓу четвртокот и петокот паднаа врз бројни населени места во Босна и Херцеговина. Телата на досега пронајдените мртви нема да бидат погребани додека не заврши потрагата по исчезнатите, а локалните власти во Јабланица одлучија потоа да се одржи колективен погреб.

Досега се потврдени два смртни случаи како последица на поплавите во градот Бутуровиќ Поле, во општина Коњиќ и три во Фојница, во централна Босна.

Спасувачите во Долна Јабланица мораа да се пробијат низ урнатините кои често беа под вода, а истата ситуација ги чекаше и денеска бидејќи дождот со мали прекини продолжи да паѓа во текот на изминатиот викенд.

На почеток