Се урна хеликоптер во Америка, има загинати: Полицијата ги идентификуваше жртвите
Тројца членови на медицински хеликоптерски тим загинаа во несреќа во Кентаки, објави денеска ABC News.
Според Air Evac Lifeteam, тројцата загинати биле на пат да земат пациент.
„Ова беше страшна несреќа и изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на вработените“, се вели во соопштението на компанијата.
Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека ја истражува несреќата.
🚨BREAKING: 3 DEAD IN MEDICAL HELICOPTER CRASH IN OWENTON, KENTUCKY
A tragic incident occurred in Owenton, Kentucky, where a medical helicopter from Air Evac Lifeteam crashed, resulting in the death of all three crew members aboard.
The crew, stationed at AEL base 133 in… pic.twitter.com/MTtlp2vlvd
— Kacee Allen (@KaceeRAllen) October 8, 2024
Ер Евак Лајфтим во соопштение рече дека еден од нивните хеликоптери – Ер Евак 133 – се урнал додека одговарал на итен повик околу 18 часот.
Според државната полиција на Кентаки, жртвите — Гејл Алеман, Бетани Ајкен и Џејмс Велш — биле прогласени за мртви на местото на настанот.
Тројцата биле лоцирани надвор од округот Грант и биле на пат да земат пациент кога се случила несреќата.