Момчето убиец за прв пат надвор од институцијата каде што беше сместен по трагедијата во „Рибникар“
Момчето убиец од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ утрово е донесено од болницата каде што е сместено, во зградата на Специјалниот суд, каде денеска треба да биде сослушан во кривичната постапка која се води против неговите родители.
Момчето убиец со возило на Брза помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа со ротации.
Според српските медиуми, пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки кои го обезбедуваат судот и судењето. Има и неколку полициски возила.
Момчето-убиец кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година, првпат ќе се сретне лице во лице со семејствата на неговите жртви, како и со неговите родители со кои му беше забрането да комуницира од покренувањето на обвинението.