Свет

Ден на жалост во БиХ: Бројот на жртвите се зголемува, спасувачите и денеска се на терен

Денеска е Ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони кои зафатија делови од земјата. Во БиХ се уште се бројат жртвите од поплавите, а спасувачите се и денеска на терен.

Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја и понатаму е исклучително тешка, а операциите за пребарување и чистење на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска, пренесуваат медиумите.

Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.

Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќата што го зафати подрачјето на Јабланица.

На почеток