Скопје

По девет дена почна увид во опожарената зграда во Чаир: Се обезбедува пристап, а станарите ќе присуствуваат

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата “Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории, а беше изгаснат по 30 часа.

„Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините.

Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“ велат од Обвинителството.

На почеток