Скопје

Шестгодишно дете е жртвата во училиштето во Ѓорче: наставничка суспендирана, четири имаат дисциплинска, директорот се повлече

Шест годишно дете било жртва на булинг за време на одмор во основно училиште во општината Ѓорче Петров, дознава „Скопје1“. Настанот кој бил пријавен од таткото, во МВР е заведен како физички напад со обид за полово дејствие. Според информации на „Скопје1“, детето било нападнато од соученик кој бил на иста возраст и второ дете кое било трето одделение. Полицијата испитува дали сѐ се случило како резултат на детска игра.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, изрази жалење и упати осуда за настанот. Четири наставници добија дисциплиска постапка, а еден наставник е веќе супспендиран. В.Д. директорот на училиштето, сам се повлекол од морални причини.

„Изразувам жалење и најсилна осуда за немилиот настан во едно од нашите ООУ, во која се инволвирани ученици од најмалите одделенија. Информираме дека сме во постојана комуникација од моментот на пријавување на настанот со сите инволвирани институции, МВР, МОН, социјални служби и обвинителство. Општината и училиштето соодветно ги презедоа сите мерки согласно Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници, како и согласно Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученици жртви на насилство, злоупотреба и занемарување.

Во рамките на овие активности, е формирана комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендиран еден наставник, одговорен за одделението. Во текот на денешниот ден оставка од лични и морални причини поднесе и директорот на училиштето, а веднаш е именуван и нов ВД директор. По утврдувањето на одговорноста на секој од нив, зависно од дејствијата кои ги презеле или пропуштиле, соодветно ќе бидат санкционирани. Педагошко-психолошката служба активно постапува во согласност со упатството, со цел да се обезбеди безбедна и поддршка средина за нашите ученици. Настанот мора да биде расветлен во целост и да биде лоцирана одговорноста на секој инволвиран во случајот“, напиша градоначалникот Стојкоски.

На почеток